Тројцата браќа кои поради реткото генеско пореметување им израснале гради, сега конечно нема повеќе да бидат малтретирани, исмејувани, бидејќи им била направена операција.
Браќата Рамирез од Доминиканската Реублика повеќе нема да бидат малтретирани од своите сограѓани. 17 годишниот Yeuri изјавил за локалната телевизија: „многу ме болеше, но сега се чувствувам подобро. Сега никој повеќе нема да може да ми се смее“.
Откако неможел повеќе да си ги гледа синовите како му страдаат, таткото Фелипе помошта ја побарал преку телевизија. Тој бил самохран татко кој немал доволно финансии за да ги испрати децата на операција, а помошта ја добил од лекарите во болницата Marcelino Velez Santana, чиј шеф решил тој да ги покрие трошоците за операциите.
На крај благодарниот татко изјавил: „Сега тие се нормални момчиња. Не се надевав дека ова ќе се случи. многу сум им благодарен на сите.“
httpv://www.youtube.com/watch?v=7z8IJ2HWRM0