Сезоната на бикини е пред нас и повеќето жени држат диети, вежбаат за да ја постигнат совршената линија. Една нова студија покажа дека многумина од нив изјавиле дека не се задоволни од своето тело, а тоа може да им го упропасти целото летување.
Магазинот „Shape“ во соработка со „FitSugar“ дошле до сознанија дека 68% од жените би се откажале од сексот, само за да имаат совршено тело за бикини.
Дури 82% од нив изјавиле дека сметаат дека треба да ослабнат пред летото. Околу 50% од нив не го сакаат својот стомак, а 29% не се задоволни од изгледот на нозете.
79% од жените изјавиле дека треба да ослабнат неколку килограми пред летото.