Британецот Клод Чаулс, последниот борец од 70 милионии луѓе кои биле мобилизирани за Првата светска војна, починал во својата 110 година од неговиот живот.
Пред крајот на животот британецот бил сосема слеп и ското потполно глув, починал минатата ноќ во дом за стари лица во Перт, Австралија. Смрта на Чаулс означува крај на една ера, изјавил портпаролот на австралиското министерство за одбрана, Гери Бут. Тој беше жив дел од историјата и со неговата смрт таа е завршена, додал портпаролот.
Бидејќи американецот Френк Баклс почина на почетокот од оваа година, британецот беше прогласен за последниот преживеан борец од Првата светска војна, во која погинаа и беа ранети 37 милиони војници.