Мајките во Бразил добија посебно кино
5 мај, 20110
![kino za majki](https://popara.mk/wp-content/uploads/2011/05/kino-za-majki-610x269.jpg)
Мајките во Бразил имаат ново омилено место. Кино салата која е наменета за мајки со бебиња привлече многу мајки кои со своите деца до 18 месеци ќе уживаат во филмот.
Кога имате бебе често сте заглавени дома и тешко се наоѓа начин да си дозволите да изгледате еден филм, изјавила една мајка која е чест гостин во ова кино.
Во кино салата има место каде да се пресоблечат децата, има многу играчки, климатизацијата е сведена на минимум, а светлата се затемнети. Исто така и бебињата може многу брзо да го добијат млекото, бидејќи доењето во оваа сала е многу нормално.