Тоа дека бегањето од школо понекогаш навистина не се исплати потврди еден случај од Тексас.Ученичка во средно школо, Дајана Трен, била приморена да преспие една ноќ во затвор бидејќи имала многу изостаноци.
Оваа средночколка, која инаку помага во издржување на две деца и има две работи, вели дека некогаш е премногу уморна за да оди на школо.
Но, според законот во Тексас ако ученик изостане повеќе од 10 пати во текот на 6 месеци, за него повеќе не е одговорно училиштето туку малолетничкиот суд.
Покрај поминатата ноќ во затвор Трен морала да плати и казна во износ од 100 долари.
Вестите за нејзиниот случај брзо се прошириле а од неодамна се појави и страница Help DianeTran.Благодарение на учениците “Children’s Education Alliance” кои ја направиле страницата се собрале повеќе од 2000 долари.
Исто така на станицата Change е покрената петиција за укинување на овој бизарен закон и до сега се собрани 8000 потписи.
httpv://www.youtube.com/watch?v=0eJrKi0jKao