Sony претстави водоотпорни паметни телефони

popara31 мај, 20121min00
1

Од компанијата Sony стигнуваат најави за уредите кои можеме да ги очекуваме во третиот квартал на оваа година.

Се работи за моделот Xperia Go, во Америка ќе се вика Xperia Advance, 3,5 инчниот Android кој ќе биде отпорен на вода и прашина, а поседува и IP67 сертификат, кој тоа и го докажува.

Двојадрениот процесор на 1 гигахреци го одликува овој модел, како и камерата со резолуција од 5 мегапиксели, но од софтверска страна, Sony се одлучи за Android 2,3. Сепак, во официјалното соопштение е соопштено дека ќе биде овозможено префрлање на Android 4.0.

Eкранот ќе биде отпорен на гребнатинки, а ќе може да го користите и кога прстите ќе ви бидат мокри. Ќе биде достапен во бела, црна и жолта боја.

Покрај него, најавен е и Xperia Acro S, исто така водоотпорен модел, со поголем екран – 4,3 инчи. Овој модел ќе има Android 4.0, а тука е и двојадрениот процесор на 1,5 гигахерци и камерата со резолуција од 12 мегапиксели.

Цените на двата уреда, сеуште не се познати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag