Шефот на грчката дипломатија Друцас на генералното Собрание на ОН, го потврди својот став дека решението за спорот со името треба да биде со име со географска одредница. Апелираше до Македонија да ги концентрирала напорите за наоѓање решение, наместо да купува време и да одбегнува превземање на одговорност. Димитри Друцас, смета дека спорот со Македонија не е само билатереално прашање туку регионално, со длабоки историски корени и воедно ја истакна подготвеноста на Грција да постигне решение уште утре и го повика премиерот Груевски да покаже лидерство и да стане нивни партнер кон напредокот.