Повеќето дами по врмето на првите три сексуални контакти создаваат впечаток за партнерот, врз основа на што одлучуваат дали ќе продолжат да се гледаат со него или не.
Поголемиот дел од жените изјавиле дека после првиот сексуален контакт каде партнерот не се претставил во најдобро светло, ќе има уште две шанси да го докаже спротивното. Доколку водењето љубов не се подобри, партнерот ќе биде сметан за непогоден или за лош љубовник, а четврта прилика дефинитивно нема да има.
Доколку некое момче многу им се допадне, тогаш жените сепак не би биле толку строги околу лошиот почеток и би направиле мала отстапка. Во тој случај спремни се да се потрудат околу тој аспект со цел подобро да функционира. Согласни се да му дадат уште неколку шанси.
Но четвртина од жените не се такви оптимисти. Доколку мажот се покаже лошо по време на првиот сексуален чин, овие жени би му дале само една единствена шанса за поправен испит и ништо повеќе и ако повторно не го положи, врската се прекинува автоматски.
За среќа, само мал процент од жените го сметаат сексот за толку важен фактор, па ако мажот не се докаже на тоа поле, за нив нема смисла од втор состанок со истиот маж.