Нејзиниот дневник
Во сабота навечер ми изгледаше нешто чуден.Се најдовме за кафе и се напивме пијачка.Помислив дека јас сум крива дека затоа што цело попладне бев на шопинг го пријателките и малку закаснив на состанок,но ништо не искоментира.Раговорот не идеше како што треба,па предложив да идеме на некое поинтимно место каде ќе може да разговараме на мира.Отидовме во еден ресторан и тој продолжи чудно да се однесува.Изгледаше отсутен.Пробав да го расположам и размислував дали јас сук крива што е таков или постои некоја друга причина.Го прашав што му е а тој ми одговори дека нема врска со мене.Одговорот не звучеше уверливо.Додека се враќавме со автомобилот му реков дека многу го сакам но тој ништо не ми одговори, само ја префрли раката преку моите рамена.Не знам како да го објаснам неговото однесување бидејќи не ми кажа дека ме сака ниту воопшто нешто одговори, па станав уште позагрижена.Кога конечно стигнавме дома помислив дека сака да ме остави.Пробав да го натерам да разговараме но тој го уклучи телевизорот и почна отсутно да гледа во програмот, како да ми дава до знаење дека меѓу нас е готово.На крајот се откажав и му реков дека ќе одам да спијам.Десет минути покасно дојде на мое изненадување возврати на моите милувања и почнавме да водиме љубов.Но и понатаму изгледаше потресен.Сакав да се соочам со ситуацијата, да разговарам со него но тој заспа.Почнав да плачам се додека не заспав.Веќе не знаев што да направам.Скоро сум сигурна дека мисли на некоја друга.Мојот живот е целосна катастрофа.
Неговиот дневник
Денес играше репрезентацијата и изгуби.Но барем имав секс.