Француската политичарка и се закани на поп пејачката Мадона бидејќи ја на својот концерт ја претставила како нацист.
Париз
Поп ѕвездата Мадона(54) на својот концерт ја претстави екстремната десничарка Марин(44) како нацист,после тоа претседателката на Националниот фронт и се закани дека ќе ја чека во Париз каде што пејачката треба да настапи.
Мадона на видео проекцијата за песната “Nobody knows me” го искористила портретот на француската политичарка, преку кој налепила кукаст крст.По неколку секунди во тоа видео очите на Марин ги заменуваат очите на Хитлер.
Марин побеснила после тоа и изјави дека и е веќе познато дека старата пејачка на која и е потребно луѓето да зборуваат за неа, прибегнува кон разни крајности.