Јапонскиот произведувач на пиво “Кирин”, за топлите летни денови на своите муштерии им точи ладно пиво со замрзната пена на врвот, во кригли од пола литар.
Токио: Јапонскиот произведувач го постигна овој ефект со помош на апарати слични на оние за прозводство на смрзнат јогурт, а таквото пиво останува ладно најмалку 30 минути и на температура од преку 40 Ц. пренесува Ројтерс.
Истражувачите на компанијата ‘Кинин”, утврдиле дека во просек оваа голема кригла се испива за 22 мин. но на жените, љубителки на овој пијалок им е потребно многу повеќе време, па ќе бидат многу задоволни што на крајот нема пивото да им биде млако.
Зад ова стои намерата да се спречи падот на купувањето на пиво а и да се намали конзумирањето на виното и коктелите кој станаа мода помеѓу младите.