Компанијата Google на почетокот на оваа недела соопшти дека ќе ја купи компанијата Quickoffice.
Google го купува производителот на истоимената апликација за мобилни уреди, која им овозможува на корисниците на своите уреди со Android или iOS оперативните системи да ги искористат документите направени во некој програм од пакетот Microsoft Office.
„Апликацијата Quickoffice се докажа во поглед на меѓусебна усогласеност за најчесто користените формати на дадотеки, така да нејзиното уклучување во нашите Google Apps ќе ја прошири понудата и достапноста на целокупниот пакет на апликации”, изјавија претставници на Google.
Интересно е тоа што Google се одлучи за купување на компанијата Quickoffice во моментите кога се најавува дека Microsoft работи на верзијата Office за таблет компјутерите со Android, Windows и оперативен систем iOS.