Madonna откри како се запознала со покојниот дизајнер Alexander McQueen. Тие биле присутни на една забава, на која тој ја забележал и сакајќи да и го привлече вниманието почнал да ја мава со компирчиња. Тој навистина го направи тоа, беше лошо момче, низ смеа изјавила Madonna.
Таа беше една од многуте ѕвезди кои беа присутни на гала вечерта посветена на покојниот дизајнер. Иако на вечерата таа изгледала прекрасно, изјавила дека се чувствува дебело. Можеби тоа е така затоа што пред извесен период го избрка личниот тренер, па недостатокот на вежбање прави таа да се чувствува така.