Бин Ладен се подготвувал за бегство пред да биде убиен, откриваат американските командоси

6 мај, 20110
Osama-Bin-Laden-Found-In-2009-Ucla-Geography-Class-Project-Was-On-Right-Track
Во облеката на Осама бин Ладен, веднаш по неговата ликвидација, американските специјалци откриле пришиени пари и броеви на телефони, што зборува за фактот дека тој се подготувал да бега, било откриено при сослушувањето на командосите кои учествувале во операцијата против водачот на Ал каеда.
По нивното сослушување се дало попрецизна претстава за текот на акцијата, извршена во ноќта меѓу неделата и понеделникот во пакистанскиот град Аботабад, пренесе АФП, цитира Нетпрес. Според изјавите на американските командоси, неколку хеликоптери со 79 американски војници, се приближиле до резиденцијата на Осама бин Ладен, откако претходно прелетувале во зона под капакот на радарите.
Двата хеликоптери оставиле околу 30 американски војници зад оградата на резиденцијата, која била висока 5,5 метри. Еден од хелокоптерите слетал премногу брзо поради “оштетување” и потоа излегол од објектот. Откако американските командоси биле спуштени на земја, тие се упатиле кон зградата, која се наоѓа до главната резиденција. Курирот на бин Ладен, кој живеел во објектот, отворил оган и бил убиен заедно со неговата сопруга.
Спротивно на првичните податоци, се чини дека тој бил единствениот станар на комплексот, кој пукал во американските командоси. Првично се сметало дека за време на целата операција се водела престрелка меѓу жителите на резиденцијата и специјалците.
Во меѓувреме, друг тим влегол во главната зграда, и налетува на братот на курир, кој исто така е убиен. Според некои американски медиуми, тој едната рака ја држел зад грбот, што ги натера Американците да се посомневаат дека можеби држи оружје. Потоа, командосите почнале да ги пребаруваат собите, а во една од нив бил големиот син на бин Ладен, Халид, кој исто така е убиен. Според “Њујорк тајмс”, тој се нафрлил врз командосите, по што бил застрелан.
На последниот кат, специјалците влегуваат во собата на водачот на Ал каеда, чија сопруга се обидувала да го прикрие бин Ладен со своето тело. Таа е повредена во ногата. Бин Ладен бил убиен со куршум во главата. Според некои американски медиуми, тој е застрелан со втор истрел во градите. Првично се сметало дека водачот на Ал каеда се обидел да ја користи својата сопруга како жив штит, но подоцна оваа информација беше демантираа од Белата куќа. Во собата во која се наоѓал бин Ладен, командосите откриле автомат АК-47 и 9-милиметарски руски пиштол. Во целата резиденција било откриено и друго оружје, чиј вид и број засега не е наведен.
Специјалците собрале се што може да послужи за добивање на информации – хард-дискови, дискови, компјутери. Околу 38 минути по почетокот на операцијата хеликоптерите одлетуваат со телото на бин Ладен, и рано во понеделникот (шест часот по централно европски време) посмртните останки на бин Ладен се закопани во морето.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi