Microsoft склучи договор со енциклопедијата Britannica, кој значи дека податоците на оваа енциклопедија ќе се појавуваат во резултатите во пребарувањето на Bing.
Корисниците на Bing ќе ги гледаат информациите од Britannica во вид на сумирани факти за некоја тема или субјект, кои ќе бидат предмет на пребарувањето.
Во официјалното соопштение од Microsoft, во кое оваа соработка е најавена, се вели дека суштината на Bing секогаш била испорачување на релевантни информации на организиран начин, за корисниците да ги пронајдат информациите што побрзо.
„Многу сме возбудени поради соработката со Britannica која продолжила да го засилува своето онлајн присуство и се надеваме дека овие нови одговори ќе бидат корисни и дека ќе ви помогнат во потрагата за информациите. Испробајте и јавете ни што мислите”, изјавил Франко Салвети од тимот на Bing.