Околу 600 апликации се достапни во рамките на App Center, новиот проект на Facebook.
Во овој центар се наоѓаат апликациите од мобилната и Timeline апликации, кои може да се раководат на Facebook, како и оние за чие логирање е потребна Facebook аутентификација. Сите моментално достапни апликации се бесплатни.
App Center не е продавница на апликации, а од Facebook велат дека немаат намера да им конкурираат на постоечките продавници како што е Google Play или App Store, туку дека го насочуваат сообраќајот кон нив.
Апликациите ги има во неколку категории, а App Center е достапен и во рамките на Android и iOS FB апликации, како и преку веб страната facebook.com/appcenter.
Меѓу апликациите кои моменатлно се достапни се и Nike+ GPS, Ubisoft Ghost Recon Commander, Sticher Radio, Draw Something и Pinterest, а од Facebook велат дека на ова место може да се појават само најквалитетните апликации.