Хотелот кој е наречен “V8” во близина на Штутгарт, им нуди на гостите можност да ја поминат ноќта во една од тематските соби посветени на автомобилите. На располагање Ви се “Кадилак под отворено небо”, “Мерцедес во перална”, “Буба на бензинска пумпа” …
Хотелот со четири ѕвезди има 34 соби, а мотивот на автомобили се провлекува од рецепција, преку собите, до хотелските ресторани. Цена на едно ноќевање се движи од 120 евра за еднокреветна соба, до 330 евра за апартман.