Со цел да привлечат што повеќе туристи властите на грузискиот град Батуми одлучиле да изградат фонтана од која гостите ќе можат да пијат алкохол.
Градоначалникот Роберт Чкаиџе објаснил дека еднаш неделно, од 10 до 15 минути туристите од фонтаната ќе можат да се напијат чашка ракија на база на грозје и така ќе имаат прилика да го пробаат нивниот традиционален пијалок.
Туризмот е важен извор на приходи во оваа сиромашна советска република каде виноградството претставува важна индустрија.