Видео: Повторно отворена сезона на лов на непознатото

popara16 јуни, 20121min00

Крајот на пролетта и почетокот на летото секоја година одбележува појави на нови симболи во областите низ цела Велика Британија. Исклучок не е ниту оваа година, бидејќи симболите веќе се појавија, а потрагата по мистични автори продолжува.

Како и секоја година, дебатата околу тоа дали се работи за вонземјански пораки или можеби за немирни и креативни луѓе веќе се загрева, но никој нема дефинитивни докази со кои би ја потврдил својата теорија.

Најновите симболи во поле се појавиле во местата Woodborough Hill и Silbury Hill. Сопствениците на полето останале изненадени кога во утринските часови забележале раскошни цртежи во оваа област.

Сликите од мистериозните симболи го обиколиле светот, а луѓето сеуште се обидуваат да дознаат кое е значењето на авторот и зошто ги привлакува баш Велика Британија, под претпоставка дека се вонземјани.