Девојчето кое спие по два и пол месеци!

popara17 јуни, 20121min00
120615110

Петнаесет годишната Стејси Комерфорд спие по неколку месеци. Таа страда од ретко нарушување поради кое ќе го преспие голем дел од својот живот.

Синдромот Kleine Levin познат како „заспана убавица“ е многу редок и според податоците од него страдаат само околу 1000 лица во светот.

„Никогаш не знаеме кога ќе се случи тоа, еднаш заспа на подот на кујната и спиеше цели два месеци. Кога се разбуди не се сеќаваше на ништо и мислеше дека спиела само еден ден“, изјавила мајката на девојчето.

Кога девојчето ги има овие епизоди на долго спиење таа само се буди за да оди во тоалетот и да се напие нешто. Расположението во тие ситуации и е многу чудно и се однесува како мало дете. Доколку не го добие она што го сака добива напад на бес.

Поради оваа болест девојчето има проблеми на училиште, го преспива распустот, родендените итн. Сега таа пие лекови кои и помагаат да остане будна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag