Сликата од еден кратер која ја има снимено вселенскиот брод Месинцер неверојатно многу наликува на најпознатиот глушец во светот, Мики Маус.
Оваа слика е направена на југот на Меркур, во близина на кратерот Магрит.
„Покрај акумулацијата на кратерот која трае со векови, сенката дополнително изгледа на славниот цртан карактер Мики Маус“, стоело во описот на фотографијата на официјалната НАСА Фликер страница.
Месинџер е првиот вселенски брод кој е испратен во орбитата на Меркур, а по едногодишна мисија направил 88.746 слики и собрал бројни релевантни податоци кои треба да обезбедат поввеќе информации за оваа планета.