Многу често мажите набројуваат одредени карактеристики кои ја опишуваат нивната представа за тоа како според нив треба да изгледа идеалната жена. За едни таа треба да е палава плавуша со сини очи или догонога манекенка, за други мистериозна бринета со раскошно деколте или провокативна црвенокоса убавица без табуа…
Не е тајна за никого дека мажите сакаат со очите и дека физичкиот изглед на жената игра важна улога. Има и такви кои пред физичкиот изглед ја поставуваат душевната убавина и карактерните особини на жената, но ваквите мажи за добро или лошо се вид кој изумира.
Патријархалните мажи и љубителите на семејниот традиционален начин на живот несомнено нагласуваат како предност жената да умее да готви, да чисти, да пере и да ги извршува сите домашни обврски со брзина на светлината. Истовремено треба да ги одгледува и децата и по можност да умее да штеди.
Нека не извинат припадниците од посилниот пол ама овие жени на која планета живеат?
Жената не е накитена и украсна кукла со која мажите треба да се перчат и докажуваат пред пријателите. Или пак домашна прислужничка што треба да се грижи за него и за се останато, но не и за себе.
Таа е создадена за да сака и да биде сакана. Плава или црна, витка или не толку, деловна или разгалена, домаќинка или парти девојка, секоја една од нив носи нешто уникатно во себе, зошто женската душа е нежна како облак, а нејзиното срце е исткаено од љубов и топлина.
Мажите очукаваат од нас да бидеме совршени и безгрешни. Но дали се запрашале какви се тие? Дали тие ни го нудат истото што го очекуваат од нас? Треба да знаат дека колку даваат (емоции, љубов, грижа), толку и ќе добијат како одговор.