Анализа: Вистинските проблеми на американската економија

popara9 мај, 20111min00
012
Песимизмот за САД ретко се покажува како оправдан на долг рок. Секогаш кога Американците давале мрачни прогнози, нивната економија секогаш дава знаци на закрепнување. Само за потсетување е песимизмот на тогашниот американски претседател Џими Картер кога САД беше заглавена во неконтролирана инфлација на крајот на 70-тите години на минатиот век или пак стравот од конкуренција  на Јапонија кога се појави стравот од “враќање на невработеноста“ која се појави во почетокот на деведесеттите години од дваесеттиот век.
И во двата случаи, американската економија одговори позитивно на тие притисоци. Инфлацијата успеа да ја стави под контрола Пол Вокер , кој во тоа време беше Гувернер на Федералните резерви на САД.
Овие случувања се врежани во колективната меморија на американскиот народ. Денешните Американци не се задоволни од напорите на политичарите да ја подобрат ситуацијата. Во спроведена анкета, седум од десет испитаници сметаат дека Америка се движи во погрешна насока. Речиси 60 отсто од испитаниците навеле дека не им се допаѓа начинот на кој актуелниот претседател на САД, Барак Обама се справува со проблемите во економијата, а тројца од четири испитаници сметаат дека Конгресот не работи добро.
Ваквиот песимизам кај луѓето делумно го прикажува бавното темпо на закрепнување на економијата. Иако невработеноста се намалува и акциите се во близина на вредноста во последните три години, вредноста на куќите повторно ниска, цената на горивата се врати на нивото од 2008 година, сепак големо е незадоволството кај американскиот народ.
Спроведената анализа покажува дека загриженоста на Американците е резултат на настаните кои им создаваат грижи, како што е нискиот животен стандард, зголемениот владин дефицит кој е резултат на јавниот долг, при што создавањето на работни места оди прилично бавно како и заканата за конкуренција која доаѓа од Кина. Во перцепциите на многу луѓе токму Кина е лидер во светската економија, а не САД.
Се поставува прашањето дали овие стравувања се оправдани? Позитивната страна покажува дека не постои земја во светот која ги има сите предности како САД. Па така на пример, што се би дала Кина да има своја “Силиконска долина“, или пак Германија да ја има “Ајви лигата“ во која се вклучени осум елитни високообразовни институции. Но, неоспорен е фактот дека САД се соочуваат со долгорочни слабости, како и такви за кои е потребно време за решавање. Посебна загриженост создава тоа што Американците сметаат дека нивните политичари, а на последно место и претседателот, прават многу малку за да се справат со крупните проблеми.
САД ја следат три големи неуспеси. Првиот неуспех за кој особена вина носи претседателот Обама е погрешното наведување на проблемот. Обама сака да ги коментира предизвиците на САД во однос на Кина како “конкурентност“. “Просперитетот на Америка зависи од престигнување на Кина во поглед на иновациите, образованието и проектите“ често пати истакнува Обама. Според американското население, просперитетот на земјата зависи само од развојот на земјата, а не од растот и продуктивноста на други земји.
Борбата на САД со јавните финансии изгледа како вечна борба. Буџетскиот дефицит е огромен, а јавниот долг е повеќе од 90 отсто од Бруто домашниот производ. Покрај Јапонија, САД е единствената голема богата економија која нема план со кој треба да ги стават под контрола јавните финансии. Добрата вест е дека политичарите сепак обрнуваат внимание на проблемот кој во последно време стана доста актуелна тема во Вашингтон.
Лошата вест е дека ниту една партија не е подготвена на компромис околу решавање на еден ваков крупен проблем. Демократите одбиваат да се согласат трошоците за услуги како што е на пример здравственото осигурување и пензиите  да се намалат. Мала е веројатноста да се постигне напредок пред претседателските избори во 2012 година во врска со овие прашања.
Следната голема препрека која го забавува темпото на раст на Американската економија е невработеноста. Неодамнешниот пад на пазарот на труд ги вклучи алармите за тревога што за брзо време се одрази и врз инвестиционата политика во целиот свет. Застрашувачка е бројката од шест милиони луѓе кои се без работа подолго од шест месеци. Бавното темпо на закрепнување е главниот проблем, но САД развива знаци на една типично европска болест, а тоа е структурната невработеност.
Посебно е изразена невработеноста кај младите луѓе. Растот на продуктивноста беше постигнат преку елиминирање на голем број средно квалифицирани работни места.
Уште еден проблем кој се провлекува во САД уште пред да се појави рецесијата се ниско квалифицираните службеници. Овие проблеми не биле предизвикани само од драстичните промени предизвикани од забрзаниот напредок на технологијата и глобализацијата.
Недостатокот од високо квалифицирани лица може да предизвика значајни фискални и социјални последици. Социјалната помош е околу 120 милијарди долари со што достигнува скоро еден отсто од бруто домашниот производ и има постојан тренд на пораст.
Технологијата и глобализацијата го менуваат трендот на пазарот на труд во сите земји, нанесувајќи и штета на ниско квалифицираната работна сила.
Но, сепак розовите прогнози за американската економија не значи и розова иднина за сите граѓани на земјата.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma