Дали практикувате еколошки секс?
9 мај, 20110

Откако светот почна да користи еко светилки и се она со што ја чуваме планетата, има начин истото тоа да го правите и во креветот. Интимноста во креветот е здрава не само за вашата врска, туку и за околината, според наводите на Foxnews.
- Органски лубриканти – сега може да се најдат органски лубриканти кои немаат петрохемиски состав.
- Постелина од бамбус – можете вашата постела да ја прекриете со специјална прекривка направена од бамбус, скапа е да, но е одгледувана без пестициди и опасни хемикалии.
- Еколошки долен веш – тој се изработува од свилен коноп, органски памук, бамбус и други здрави билки.
- Презервативи кои ја чуваат околината – не звучи најпримамливо, но постојат презервативи од кожа на овци кои лесно се разградуваат.
- Дрвени рачки – изработени од природно дрво, прекриени со кожа, а игледаат како интересни секс лисици
- Вибратори без фталат – сега постојат и еколошки вибратори кои се изработуваат од еластомер материјал, кој во себе нема латекс и не содржи фталат.
- Локално цвеќе – обидете се вашата соба да ја освежите со локално цвеќе.
- Органско вино – кога ќе посакате романтична вечера, земете органско вино, односно вино од органско грозје. Во него нема да најдете никакво ѓубриво, пестициди и други синтетички хемикалии.