Секој пат кога НАСА ќе објави нова фотографија многу луѓе низ светот започнуваат со анализа и проучување на целиот случај. Особено ако станува збор за фотографија од Марс.
Но, постојат сомневања дека НАСА намерно ги крие важните детали кои може да покажуваат важни работи и да претставуваат постоење на некаква вегетација или друг облик на живот на оваа планета.
За да го постигнат тоа, наводно од НАСА се служат со филтер за слики кои едноставно ја прекрива целата фотографија.
Оние кои веруваат во оваа завера сметаат дека постојат бројни причини зошто би го правела тоа НАСА, а една од нив е сочувувањето на американските интереси.
На наводно нефилтрираните фотографии од Марс се гледаат многу бои кои укажале на различни ресурси, минерални суровини, а можеби и едноставни форми на живот. Со филтрирањето на сликите НАСА наводно се занимава со години наназад.
За споредба филтрираните и нефилтрираните фотографии можете да ги погледнете во продолжение и сами да пресудите дали оваа теорија има било каква реална основа: