Им го спасил детето, а тие го оставиле да се удави!

popara13 јули, 20121min01
23

Еден кинез го извадил детето кое се давело во река, а потоа го родителите го оставиле спасителот да се удави.

27 годишниот кинез Денг трагично настрадал на 3 јули кога успеал да спаси едно дете од давење чии родители биле покрај брегот на реката во градот Лоуди. Кинезот херој го извадил 5 годишното момче од бесната река, а потоа него го повлекле вртлозите и се удавил.

Една жена сведок раскажала како се случил целиот настан.

„Тричленото семејство се бањало во реката. Детето имало елек на себе, но сепак, водата го однела далеку од неговите родители. Тие панично почнале да повикуваат помош, а на тоа одоговорил само Денг. По него скокнале уште двајца луѓе и го извлекле детето, но не и Денг кого водата го однела“, раскажала жената сведок.

„Неможев да поверувам дека родителите чие дете беше спасено од Денг, останаа ладни кога водата почна да го носи него. Тие тргнаа да си одат, а луѓето се обиделе да ги сопрат. Тие само кажаа тоа не е наша работа. Околу реката се собрале стотици луѓе, а двете кучиња на Денг останале да го чекаат покрај брегот“, додала жената која ја раскажала приказната.

Младиот херој Денг со неговите кучиња

 

 

One comment

  • u38

    17 јули, 2012 at 22:44

    Ѓубриња…

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma