Европските научници се собраа во Даблин на отворениот форум за да расправаат на бројни теми, а една од нив беше и можноста за откривање на вонземски живот.
Своите предвидувања ги изнесе и астрофизичарката ocelyn Bell Burnell која тврди дека сигурно ќе добиеме сигнал за живот на други планети и тоа во наредниве сто години.
Токму поради тоа предлага владите добро да размислат и да развијат стратегии за комуникација со вонземјаните како и да ги разгледаат сите можни сценарија за тоа дали другите вонземски животи ќе бидат мирољубиви или не.
Реакциите по нејзините изјави беа поделени некои сметаат дека контактот со вонзамјаните е многу комплексно прашање, други пак тврдат дека тоа се бесмислени теории .
Како и да е вонземјаните се уште се и ќе останат безвременска инспирација на човековата фантазија.