Стивен Пит уште како дете открил дека не може да почувствува болка, па затоа знаел дека многу се разликува од своите врсници.
Неговите родители го забележале ова нарушувње уште кога Стивен имал само 5 месеци и кога почнале да му никнуваат заби.
Кога родителите го однеле на педијатар, било утврдено дека Стивен нема рецептори за болка.
Како дете имал многу проблеми, бидејќи се повредувал, а не приметувал. Па така во една прилика тој си ја скршил ногата, а не ни знаел.
„Можеби на почетокот ова нарушување ви изгледа како дарба, но подоца сваќате дека тоа не е така“, изјавил Стивен.