Кристи Моунси има 18 години и 165 килограми. Таа никогаш не патела поради својата тежина, таа научила како да се сака себе си онаква каква што е и да се чувствува привлечно и убаво .
Оваа тинејџерка неодамна се пријави и за мис на дебели девојки. Таа сака на сите злобни лица кои ја навредувале и вербално ја злоставувале, да им покаже дека е среќна во своето тело.
Таа додала дека се обидела со неколку диети, но ниедна не дала добри резултати.
„Диетите ги држев поради другите, бидејќи постојано ми велеа дека мора да ослабнам, но ако се сакате сами себе незнам во што е проблемот“, изјавила Кристи.