На фотографијата која ја снимил еден од сателитите кои во моментот го набљудуваат Марс забележана е интересна аномалија на површината. НАСА ја објавила оваа слика и понудила свое објаснување.
Станува збор за дупка во површината со дијаметар од околи 35 метри, која е опкружена со голем кратер кој се уште се обидуваат да го демистифицираат.
Самата дупка наводно е отвор од поземна пештера за која научниците велат дека е потенцијален извор на живот.