Малата американка Бренди Одом (9) починала откако го спасувала својот помлад брат од давење во езеро.
Малото девојче со браќата Калвин и Роберт играле во едно езеро во Алабама, позади куќата на своите баба и дедо. Наеднаш едно од момчињата паднало во езерото. Постарата сестра без размислување скокнала да го спаси братот, го фатила за рака и го извлекла на површина, но водата ја однеа неа.
Нејзиното тело од езерото го извекла бабата. Веднаш била повикана брза помош, но Бренди починала во болница.