Воена болница од пеколот…
„Болницата од Аушвиц“ гласат скоро сите вести кои ги пренесоа американските медиуми, а се однесуваат на воената болница во Авганистан.
Пациенти со отворени рани, прегладнети луѓе во сопствен измет, накратко состојбата во оваа болница е хорор.
Американскиот конгрес во истрагата по сведочењето на полковникот Марк Фаск дошле до сознание дека во болницата е во катастрофална ссотојба, а сето тоа било криено од генералот Вилијем Калдвел.
Генералот кој бил одговорен за распределба на 11,2 милијарди долари кои САД ги дала за финансирање на болницата и други цели, ги заташкувал работите долго време, а на крај се вели дека се пранел и лично пред претседателот Обама.
Сликите од оваа болница на хоророт се во продолжение.
ВНИМАНИЕ ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ!