За овие две близначки докторите изјавиле дека ќе имаат кус живот, дури некои предвидувале дека ќе починат само неколку недели по раѓањето, но тоа не се случило…
Сијамските близначки Abigail и Brittany Hensel, не само што им покажаа на докторите дека згрешиле во своите претпоставки, туку и се развиле во одлични девојки.
Близначките кои делат едно исто тело, имаат 22 години, а одлучија да го претстават својот живот во сопствено реално шоу, кое ќе го следи нивното дипломирање на Универзитет, а потоа и патувањето низ Европа со пријателите.
Девојките прв пат се појавија во јавноста во 1996 година во шоуто на Опра Винфри. Одтогаш наваму живееле прилично мирен и нормален живот со своето семејство во Минесота, се додека не наполнија 16 години и не беа вклучени во еден документарец на TLC.
http://www.youtube.com/watch?v=x20XW4F4_OE&feature=player_embedded
http://www.youtube.com/watch?v=BkKWApOAG2g&feature=player_embedded