Семејството Бивер било очајно кога го загубиле својот 16 годишен син.
Нивниот син сакал да стане доктор па затоа родителите одлучиле по смртта да ги донираат неговите органи.
Мајката на починатото дете се сретна со пациентот кој го доби срцето на нејзиниот син.
Кога Ејприл и Овен Бивер го загубиле својот син во април оваа година, не ни помислиле дека некогаш повторно ќе го чујат биењето на неговото срце.
Нивниот 16 годишен син имал два мозочни удари и паднал во кома, а набрзо лекарите констатирале мозочна смрт. Неговите родители одлучиле да ги донираат неговите органи.
Срцето на нивниот син го добил Чарлс Шелтон, психијатар од Кентаки, кој им напишал писмо на родителите дека сака да ги запознае.
Средбата полна со емоции ја снимија камерите на аеродромот во Мисисипи, каде родителите можеа да го чујат биењето на срцето на нивниот син.
Погледнете го ова трогателно видео:
http://www.youtube.com/watch?v=T2exvnLmTV0&feature=player_embedded