Ерупција на вулканот Етна

popara12 мај, 20111min00
etna
Од кратерот на вулканот Етна во јужна Италија денес излегла лава и пепел,по синоќешната ерупција заради која е затворен блискиот аеродром во Катанија, пишува “Танјуг“, пренесува НетПрес.
Ерупцијата била проследена со неколку помали потреси во текот на ноќните и утринските часови.
Лавата се излила во ненаселени области при што не предизвикала поголема штета.
Аеродромот во Катанија е затворен бидејќи пистата е целата во прав од вулканската ерупција.
Тимови ја расчистувале областа во непосредна близина на вулканот каде во недела треба да се одржи велосипедска трка околу Италија.
Етна е највисокиот активен вулкан во Европа, со врв кој достигнува 3,295 метри надморска висина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag