Путин обожаван од женска секта?

popara13 мај, 20111min00
vladimirp

Владмир Путин, стана предмет на обожавање на една женска секта, чии следбеници веруваат дека токму тој е реинкарнација на жестокиот борец на Евнгелието, Светиот апостол Павле, се вели во лондонскиот телеграф.

Членовите на сектата, основана во едно село на околу 300 километри југоисточно од Москва, веруваат дека 58 годишниот руски политичар е на посебна божествена мисија.

“Во Библијата се вели дека апостолот Павле бил воен командант и дека ги прогонил христијаните пред да почне да го шири христијанството“, кажала жената која ја основала сектата, Фотина, потсетувајќи дека како агент на КГБ, Путин исто така имал “грешно минато“. Кога станал претседател, бил инспириран од Светиот дух, и исто како апостолот Павле, мудро почнал да го води своето стадо. Покрај тешкотиите, тој ја исполнува својата херојска должност на апостолите, додала Фотина, чија секта собира исклучиво жени, кои постојано се во пост и молитви за успех на Путин, а се молат пред руските правславни икони, покрај кои е истакнат и портретот на рускиот премиер.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag