Орландо Росадо (45) од Филаделфија е обвинет дека ставил хероин и метадон во шишенцето со млеко на својот син со цел да го смири, од што детето починало. Росадо на полицијата и рекол дека дрогата во шишето од кое во три часот наутро го наранил бебето, ја ставил случајно, бидејќи тој бил дрогиран, но обвинителството смета дека тоа го направил намерно, но не и со цел да го убие детето, туку само да го смири.
Малиот Кристофер, кој имал минимална нормална тежина за негова возраст, мајката го опишала како плачлив, а очигледно е дека ова не било прв пат неговите родители, зависници од дрога, да го успијат на ваков начин.