Икањето во медицината се нарекува singultus, кој доаѓа од латинскиот збор singult, земање воздух за време на плачење. При икањето се случува неконтролирано грчење на дијафрагмата и внесување на јаглероден диоксид во крвта. Може да биде предизвикано од токсични испарувања, чад, зачинета храна или пијалоци, како и ладни пијалоци за време на топол оброк, од стрес или некоја друга појака емоција. Всушност,при икањето вашето тело, укажува на тоа дека јадењето или пиењето Ви е преспоро или премногу брзо. Една теорија тврди дека икањето е рефлекс, кој ни помага да не се удавиме со храната и пијалоците. Нападите на икање се главно кратки, траат само неколку минути, но понекогаш може да потраат многу подолго. Продолженото икање исто така може да биде знак за воспаление на белите дробови, воспаление на панкреасот, застој во функцијата на бубрезите. Покрај тоа, таа може да укаже на хронична болест, воспаление или тумор на дијафрагмата , хранопроводот или белите дробови. Постојат неколку едноставни начини да си помогнете икањето да престане. Како на пример: задржување на здивот неколку секунди, јадете сув леб, земете една лажичка шеќер, со триење на очното јаболко, со брзо пиење вода, без да земете воздух. Но, во 1988 год во една од книгите на Др. Francis Fesmire е напишано дека доживувањето на оргазам е еден од начините да го спречите икањето. Според Гинисовата книга за рекорди, човекот кој имал најдолго икање е Charles Osborne кој икал цели 69 години, а починал на својата 96 година од живеење.