
На модната недела во Њујорк, Викторија Бекам ја покажа својата најнова колекција на која работеше напорно изминативе месеци. Трудот се исплател, колекцијата изгледа совршено, а тоа го потврдија и најголемите модни критичари во светот.
Најзастапени се црвената, црната и белата боја. Според Викторија може да се одлучите за една од нив или пак да направите комбинација од сите три.
Кога се чевлите во прашање таа се одлучи за високите чизми кои имаат отвор кај прстите и петата.







