Според новиот закон, секое домаќинство во 20 милионскиот Шангај во иднина ќе може да има по едно куче, објави China Daily. Во овој град има околу 800 илјади кучиња, а само четвртина од нив се регистрирани. Забележано е дека бројот на кучиња расте паралелно со зголемување на кинеската средна класа. Дозволата за да се чува едно куче во домот ќе чини 300 јуани т.е. околу 33 евра, за разлика до сега кога се наплатувало по 1000 јуани. Правилата се воведени пред се за да се намали бучавата по улиците предизвикана од лаењето, износот на измет по улиците и се поголемиот број напади од кучиња.