Синдром на стара мома

popara13 мај, 20111min00
holiday at the beach

Стара мома не значи неомажена постара жена. Стара мома е синдром од кој страдаат многу современи жени – млади или возрасни, мажени или не, сами или опкружени со луѓе, стари моми има насекаде.

Да го кажеме поедноставно – стара мома е менталитет, начин на однесување и размислување, кој за жал, не е карактеристичен само за неомажените жени на просечна возраст.

Кои се карактеристиките на старата мома?

Таа е често доста лошо расположена, се лути и мурти скоро на се. Вечно незадоволство. Секогаш има виновен за нејзините проблеми. Една од честите нејзини карактеристики е што постојано е критикувана од околината. Таа е постојано револтирана од се околу неа. Никој маж не е доволно совршен за неа. Во исто време таа е онаа која не поднесува никаква критика и може да реагира бурно на најмала забелешка.

Каде се мажите во животот на старата мома?

Тие речиси секогаш недостасуваат. И не затоа што таа е грда и незабележлива, туку затоа што ги одбива со своето однесување. Нема маж кој ја заслужува! Секој кој ќе ја посака се покажува дека е недостоен за неа. И колку повеќе таа старее, толку повеќе ги укинува критериумите за “принцот на белиот коњ“. Но на неа тоа ни малку не и пречи. Таа гордо вели дека не сака да губи време со некакви си губитници.

Старата мома не е секогаш облечена во ролки и во некаква си старомодна облека. Напротив – модерната стара мома е често привлечна и успешна во својата професија. Но сепак е незадоволна од својот живот. Таа е двојно по “штетна“ за самата себе.

Нема попрекрасно чувство од тоа една жена да се разбуди исполнета и вљубена до својот сакан. Старата мома не ја чувствува оваа радост и сосема логично да се чувствува незадоволна, емотивно и физички.

Извор: www.statija.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag