Кремељ тврди дека големите количини на дијаманти биле пронајдени уште во текот на 70-тите години за време на СССР.
Руската влада соопшти дека ќе започне со експлоатација на најголемото наоѓалиште на дијаманти во светот, кое се мери во милијарди карати и ќе може да се вади во наредните 3000 години.Кремељ тврди дека големите количини на дијаманти биле пронајдени уште во 70-тите години и дека се наоѓаат во сибирскиот кратер од метеорот Попигаи, стар 35 милиони години.
Русите одлучиле да го сочуваат од јавноста ова бидејќи тогаш веќе ваделе големи количини на дијаманти од регионот Јакутск.
Руските научници истакнуваат дека ова откритие може драстично да го промени пазарот на дијамнати и да започне нова технолошка револуција.