Семејството Гринвуд во својот двор пронашле необичен гостин – двоглава змија. Савана Логан и нејзиниот брат Престон биле запрепастени кога ја виделе во својот двор пред три недели. National Geographic во една статија известува за тоа дека двоглавите змии се исклучително ретки, но не се необична појава. Обично се случувало двоглавата змија да има две глави на една страна за разлика од оваа која семејството Гринвуд ја пронашле во дворот, која имала по една глава на секоја страна.
Дедото на Савана змијата ја однел во Одделот за биологија Ware Shoals, средното училиште каде наставникот му рекол дека се работи за “возрасна”змија и дека никогаш не видел ништо слично за време на својата кариера. “Едната глава е поголема и подоминантна од другата, но се чини дека двете го контрлираат телото. Кога едната глава оди на една страна, другата се обидува да оди во спротивна насока”, зијавила мајката на Савана.