Откако полицијата го фатила како “општи со каучот” на улицата Висконсин во САД, 46-годишниот Жерард Стретор бил уапсен.
Обвинет е поради непристојно однесување, а може да биде осуден и на максимум девет месеци затвор.
Полицаецот Рајан Едвардс, кој го имал “задоволството” да го приведе Жерард, дал детален опис за начинот на кој човекот бил ‘интимен’ со парчето мебел.
Кога му се доближил, уличниот љубовник избегал, а нешто подоцна е лоциран и приведен.