Нова мода во Јапонија- деформација на челото

popara30 септември, 20121min00

Ние луѓето сме многу посебни животински видови.  Иако според научниците сме стигнале на највисокото скалило на еволуцијата, понекогаш се однесуваме како да не е така.

Имено, станува збор за најновата мода на модификации на телото. Сите веќе сме запознаени со тетовирањето, ставањето пирсинг, имплантација на какви ли не се предмети на забите, итн. Неодамна дури ви раскажавме за еден морничав начин на “резбање” по телото, наречен скарификација.

Но еве го најновото нешто: поткожна инекција со физиолошки раствор во челото. Оваа постапка предизвикува  формирање на поткожен балон. Кога местото ќе достигне максимална големина, оној кој ја врши целата постапка, внимателно ја притисока кожата така што во средината на челото се создаваат вдлабнатини. По ова челото на “клиентот” наликува на крофна. Формата се задржува од 18 до 24 часа.

Видеото кое ќе имате ексклузивното задоволство да го видите  крајот од овој текст, е дело на National Geographic. Целта е да покаже како точно се одвива процесот. Сепак,  остануваат неколку прашања, кои продолжуваат да не копкаат во овој момент. На пример, ако обликувањето на челото во форма на мал геврек се направи неколку пати, потоа има ли опасност кожата на главата да се спушти до очните капаци? Од каде е оваа инспирација – од вонземјаните ли? И всушност – ЗОШТО?

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=XP5udgFS8SM

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag