Полицијата го нашла автомобилот недопрен и го вратила на сопственикот.
Минхен- Еден германски возач заборавил каде паркирал што и не е нешто невообичаено, но необично е што овој настан се случил пред две години!
Поточно, полицијата во Минхен неодамна пронашла автомобил кој возачот буквално го изгубил уште пред две години. Тој тогаш се паркирал во Минхен, но не можел да се сети каде, па повикал полиција да му го пронајде автомобилот.
Полицијата брзо се откажала, но повторно се ангажирале кога на колата и истекла регистрацијата. Автомобилот го нашле недопрен и го вратиле на сопственикот, пишуваат локалните медиуми.