Македонија преплавена со пораките дека 21 мај е судниот ден

popara17 мај, 20111min00
sony-smak-sveta-2012-498

Македонија е преплавена постери и флаери со содржини дека судниот ден доаѓа на 21 мај, поради што полицијата викнала на информативен разговор две лица. Во неколку поголеми градови поставени се билборди, дека судниот ден е 21 мај, со наслов, “плачи силно кон бога“, која предизвикала страв меѓу населението. Пред неколку дена во центарот на Скопје, група која се претставува како дел од верското “Фамилија радио“, делеле флаери со иста содржина, дека судниот ден за човештвото доаѓа.

На приведените им било укажано дека материјалот кој го делат е вознемирувачки и биле замолени да престанат со ширење на таквата порака. Станува збор за верската секта од Њујорк која тврди дека нивниот духовен лидер, преку математичка калкулација открил кодови, а со тоа и тајните од Библијата, па затоа предвидува пропаст на светот за неколку дена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma