Една британка има многу бизарна навика. Секој ден и по неколку пати, зема своето куче во прегратка и го дои.
Британката Тери Греам e мајка на две деца и има многу чудна навика. Всушност, кога децата и биле мали, ги хранела со своето млеко, но преку шишенца. Сега за да надокнади за фактот дека таа никогаш не ги доела децата, таа почнала да го дои семејното куче, Спидер.
Тери и самата признава дека знае дека луѓето ја сметаат за луда, но таа опстојува во оваа навика, додавајќи дека поради тоа се чувствува како подобра мајка. “Кога Спидер ми ги шмука брадаваиците се чувствувам исполнето, чувствувам дека сум подобра мајка”, вели Тери.
Психолозите се согласуваат дека Тери мора да побара стручна помош што е можно побрзо, но и нагласуваат дека ова не е прв ниту единствен случај во Велика Британија, во кој некој на необичен начин се врзал за своето милениче.