Компанијата Lenovo го претстави новиот модел од ThinkPad серијата, со ознака X1, за кои велат дека е најтенкиот лаптоп од оваа серија. Дебелина од 17 милиметри, тежок 450 грама, ThinkPad X1, и понатаму ја оправдува идејата дека ова е уште еден издржлив компјутер, на кои се навикнати корисниците на Леново.
Овој уред има екран заштитен екран со Gorilla стакло, тастатурата е отпорна на разлевање од течности, но и новитет во траењето на батеријата, бидејќи батеријата на овој модел се полни 2,5 пати побрзо од предходните модели. Од Леново изјавиле дека само половина час е доволно за да биде наполнета 80% од батеријата.
Овој 13,3 инчен лаптоп има Intel Core i3-2310m процесор 2.1 GHz, а достапен е и во варзијата со i5-2520m процесор на 2.5GHz. Поседува и HDMI порт и USB 3.0. Цената е 1399 долари во Америка.