Бред Пит донира 100.000 долари за легализација на геј бракови

popara1 ноември, 20121min00
brad-pitt

Бред Пит започна кампања за собирање донации за легализација на истополови бракови. Познатиот актер повикува на итно собирање на донации и ветил дека лично ќе донира 100.000 долари за Кампањата за човекови права: за секој уплатен долар, тој ќе ја уплаќа истата сума, се до износот од 100.000 долари.

Колку Бред е посветен за легализација на хомосексуалните бракови, зборува и тоа што своевремено изјавил дека со Анџелина Џоли, со која има деца, ќе се ожени тогаш кога истополните бракови ќе бидат легализирани во САД. Инаку, следната недела, во вторник во САД ќе се одржи референдум за легализација на истополовите бракови во четири држави: Мејн, Мериленд, Минесота и Вашингтон.

“Гласачите ќе излезат на гласање за да одлучат дали геј и лезбејските парови, нашите пријатели и соседи, ќе има иста заштита како и сите други”, изјавил Бред во неговото соопштение за јавноста.

Инаку, во САД бракови од ист пол се дозволени во 6 од 50 држави, како и во главниот град Вашингтон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma